Потребни состојки:
500 г прокељ
3 големи моркови
1 компир
Млад кромид или црвен кромид
100 г пршута
3 јајца
200 мл кисела павлака
Сол и бибер
Мускатно оревче
Презла
Малку путер
Начин на подготовка:
Излупете ги морковите и компирот и исечете ги на коцки па варете 10 минути во зовриена вода(додајте и сол), додајте го исчистениот прокељ и варете уште 10 минути. Процедете.
Премачкајте ја тавата со путер, наросете со презла, а потоа распоредете го зеленчукот, сечканиот млад лук, сечена пршута на коцки и прелијте со мешавина од јајца, павлака, мускатно оревче, сол и бибер. Печете на 200 степени околу 40 минути додека да добие златно-кафеава боја.
Послужете со сезонска салата.