Потребни состојки:
3 јајца
150 мл масло
250 мл млеко
300-350 г шеќер
350-400 г брашно
Половина печиво
Ванилин шеќер
Рендани јаболка
Какао
View this post on Instagram
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот и додадете ги прво течните состојки, па сувите. На крај додајте ги и ренданите јаболка. Пола од смесата префрлете ја во намрсен и набрашнет плех, а во другата половина додадете неколку лажици какао, па распоредете ја врз првиот дел. Печете го колачот на 180 С околу 30-40 минути(проверете со чепкалка), па оставете убаво да се излади пред да го послужите. Потоа може да го искомбинирате со омилениот крем, прелив, овошје и додатоци по желба.