Рецепт на денот: Пита со павлака и сирење

огледнете го овој рецепт како да направите пита со павлака и сирење без кора што ќе ве освои со својот фантастичен вкус.
Рецепт на денот: Пита со павлака и сирење
Потребни состојки:
2 јајца
150 грама брашно
2 лажици гриз
100 милилитри млеко
1/2 прашок за печиво
50 грама маргарин
За полнење:
200 грама сирење
200 грама павлака
100 грама маслинки
1 поголема црвена пиперка
1 јајце


Начин на подготовка:
1. Изматете 2 јајца, додајте ги брашното, прашокот за печиво, гризот, млекото и маргаринот и изматете додека не добиете хомогена смеса. Половина од смесата турете ја во плех со димензии 25 x 15 центиметри.
2. Сирењето исечете го на коцки и распоредете го преку тестото. Одозгора наредете исечени маслинки и парчиња пиперка. Измешајте ги павлаката и јајцето и турете ги врз смесата што е во плехот.
3. Најгоре додајте го останатиот дел од тестото.
4. Печете на температура од 200 °C околу 40 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.