Рецепт на денот: Ролат од тиквички со шунка и кашкавал

Потребни состојки:
4 јајца
2 тиквички
200 г шунка
150 г кашкавал
50 г пармезан
Магдонос
Сол и бибер


Начин на подготовка:
Вклучете ја рерната. Изматете јајца и посолете. Додајте рендан пармезан и магдонос. Изрендајте ги тиквичките и веднаш додајте ги во јајцата. Сипете во тава премачкана со масло, ставете и хартија за печење наросена со брашно и премачкана со масло. Печете на 180 степени околу 20-25 минути. Извадете од рерна, оставете да се излади и внимателно одвојте ги од хартијата за печење.
На нова хартија за печење, печените јајца и тиквички филувајте ги со шунка и кашкавал и замотајте во ролат. Печете уште 10 минути за да се растопи кашкавалот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.