Рецепт на денот: Таљатели со пилешко и печурки во сос

Потребни состојки:
Таљатели или тестенини по избор
300 г пилешко месо
100 г печурки
Бешамел сос(млеко, брашно, масло)
Начин на подготовка:


Пилешкото исечете го на мали парчиња и ставете го во тава на малку масло и пропржете го. Додадете зачини по вкус и кога ќе е при крај пилешкото, додадете ги печурките, па додадете 2-3 лажици јогурт или павлака и пржете додека да испари. Јогуртот или павлаката ќе го омекнат месото уште повеќе и е превкусно. Тргнете го месото од тавата и ставете 2 лажици масло/путер и 2 лажици брашно, па постепено со постојано мешање додавајте по малку 2 шолји млеко. Оставете го сосот малку да повари и додадете го месото со печурките и претходно сварените тестенини. Може да користите и макарони, шпагети или пене. Наместо бешамел, може да ставите само неутрална павлака

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.