Рецепт на денот: Тортиљи со пилешко и зеленчук

Потребни состојки:
500 г пилешко месо
Сол и бибер
Масло
1 црвена пиперка
1 зелена пиперка
1 главица кромид
100 г пченка
250 г грав
1 лажица оригано
2 лажици томато сос
Кисела павлака
Марула
Тортиљи


Начин на подготовка:
Исечкајте ги на ленти пиперките и кромидот, а белото месо исечкајте го на коцки. Пропржете го месото. Посолете и додајте бибер. По некое време додајте и други зачини по желба. Откако ќе се излади месото исечкајте го на ситни парчиња.
Извадете го месото, па во истото тавче додајте кромид и посолете. Пред крајот додајте ги и пиперките. Пржете 5 минути и додајте сос од домати, пченка и домати. Пржете уште 1-2 минути.
Премачкајте ги тортиљите со кисела павлака, ставете лист марула, месо и зеленчук и преклопете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.