Потребни состојки:
130 г шлаг
1 лажица еспресо во прав
120 г крем сиреве
240 г маскарпоне
60 г шеќер во прав или засладувач по избор
1 лажичка екстракт од ванила
2 лажички какао
овошје или бисквити за украсување
Начин на подготовка:
Во еден сад ставете го шлагот и еспресото и мешајте.
Во поголем сад ставете го крем сирењето и маскарпонето и миксирајте со рачен миксер или блендер.
Полека додавајте го шеќерот и ванилата и блендирајте.
Оставете во фрижидер, а потоа сервирајте и украсете по избор! (со какао, овошје, бисквити)