Ноќта помеѓу петок и сабота, аргентинската фудбалска репрезентација ќе игра натпревар од осминафиналето на Светското првенство против островите Зелен ’Рт во Мајами.
Поради ова, „гаучосите“ мораа да патуваат до Флорида од нивната база во Канзас Сити (Мисури), а најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси, ги почувствува ригорозните безбедносни мерки во САД.
Американските домаќини повторно покажаа прекумерна строгост. Обезбедувањето на аеродромот детално го пребара куферот на Меси, а потоа го проверија со детектор за метал, како првата ѕвезда на Светското првенство да се обидува да прошверцува нешто во авионот.
Иако целата ситуација изгледаше апсурдна, Меси остана смирен. Со насмевка на лицето, ги следеше упатствата на персоналот на аеродромот и одби да направи каков било скандал.
Lionel Messi’nin dedektörle arandığı anlar! Tepkisi her şeyi anlatıyor. pic.twitter.com/S5gc0u1YCR— EPL Günlükleri #WC2026 (@EPL_Gunlukleri) July 2, 2026
Сепак, на навивачите ширум светот им изгледа неверојатно дека човек кој со години игра во Мајами и им носи огромен профит и радост на Американците, мора да помине низ толку детални прегледи како да е закоравен криминалец.
The post РИГОРОЗНО: Американците го претресуваа Меси како да е криминалец (ВИДЕО) appeared first on Во Центар.



