Рижотото со пилешко месо лесно се прави, а е исклучително здраво и лесно.
Рижотото е едно од оние јадења за кои не ви е потребно ниту големо искуство, ниту многу време за подготовка.
Идеален ручек кој ќе ги задоволи и љубителите на месо и зеленчук.
Покрај тоа, ова јадење содржи и ориз, па може да се смета за комплетен оброк за кој не ви треба ниту леб. Комбинацијата од зеленчук и пилешко месо, со одбрани зачини, му дава на јадењето уникатен вкус кој ќе го воодушеви вашето семејство.
Состојки:
- 1 шолја ориз
- 2 пиперки
- 2 домати
- 1 главица кромид малку масло
- 200 мл. сок од домати
- 300 гр. пилешко месо
- сол, бибер
- мелена пиперка
Подготовка:
Кромидот исечкајте го ситно, па пропржете го со масло и малку вода. Потоа додадете го месото и уште малку топла вода. Сето тоа добро измешајте го и зачинете, па динстајте околу 10 минути.
Додадете пиперка, домат и 200 мл. топла вода. Кога ќе зоврие додадете го оризот и сокот од домати.
Додадете вода додека не се свари оризот.
На здравје!