Ристов: Елката и новогодишните украси во Радовиш не се украдени, компанијата која украсуваше си ги зеде бидејќи ме уценуваше

Градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов вели дека елката и новогодишните украси во Радовиш не се украдени, туку компанијата која украсувала си ги зела бидејќи го уценувале.

Изјавата на градоначалникот Ристов за локалната ТВ „Кобра“ доаѓа по објавите на социјалните мрежи дека елката е украдена, откако неа и украсите вчера ги снема од центарот на градот иако две недели Радовиш беше новогодишно украсен.

-Во државата има две-три компании кои преку систем на одложување, недавање понуди, доаѓаат и инсталираат нешто и потоа ти доставуват фактура и велат или ќе ја платиш или ние ќе го раскрасиме градот. Едноставно се обидоа мене да ме уценат. Мене не може никој да ме уценува. Јас такви пари за украсување ниту ќе дадам, ниту тоа ќе го дозволам. Затоа им реков слободно соберете си го тоа што сте го направиле, Радовиш ќе биде украсен онако како што јас сум замислил и тоа ќе биде реализирано во наредните два дена, изјави градоначалникот Ристов.

Тој најави дека градот ќе биде украсен од донации и наместо една ќе има пет елки и за таа намена Општината нема да потроши ниту еден денар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.