недела, 15 ноември 2026
Најново

Ристоска: Кога кандидат однапред се исклучува, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

„Кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат.
Уверена сум дека избор од вакво значење мора да биде заснован на квалитет, а не на подобност“ вели меѓу другото во својата реакција обвинителката Ленче Ристоска која е кандидат за државен јавен обвинител, во врска со вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дадена во телевизиско интервју, а во која тој вели дека „од четворицата кандидати за кои Советот на јавни обвинители даде позитивни мислење, на владината листа сега се три имиња, а меѓу нив не е и бившата обвинителка од СЈО, Ленче Ристоска“.

Ленче Ристевска не е во опција за државен јавен обвинител, тврди Мицкоски

Ристоска коментира дека „Професионалците во системот мора да знаат дека нивниот труд и стручност се единствената валута што треба да одлучува. Во спротивно, ризикуваме да испратиме порака дека без разлика на компетентноста, подобноста е примарна — а тоа не е патот по кој треба да се движи едно демократско општество”.

Поврзани вести