Искористете го слободното време и направете ги овие вкусни и лесни колачиња: рози од јаболка.
Рози од јаболка
Потребни состојки:
4 големи јаболка
сок од 1 лимон
500 г лиснато тесто
100 г растопен путер
100 г џем од кајсија
20 г шеќер во прав за наросување
Начин на подготовка:
Јаболката исечете ги на половинки и исчистете им ја внатрешноста. Секоја половинка од јаболката исечете ја на многу тенки кришки.
Исцедете сок од еден лимон врз кришките.
Расукајте го лиснатото тесто на работната површина.
Исечете го тестото на ленти со дебелина од 10 см. Секоја коричка премачкајте ја со растопен путер, па со џем.
На горната половина од кората, по нејзината должина, наредете ги кришките од јаболка кои треба да се преклопуваат на краевите.
Преклопете ја долната половина од кората врз јаболката и завиткајте ја кората во форма на роза.
Наредете го секој колач во модла за мафини премачкана со путер.
Печете ги розите во загреана рерна на 200 ᵒC околу 20 минути.
Кога розите ќе се изладат, наросете ги со шеќер во прав и послужете ги!