500 г шеќер во прав
500 г локум
100 г црно чоколадо
100 мл вода
400 г бисквити
200 г шеќер
Локумот се сечка на парчиња и се замесува со шеќер во прав. Смесата се развлекува со сукалка во правоаголен облик со дебелина од 3 мм.
Шеќерот се растопува во вода на оган, се трга од оган и се додаваат мелените бисквити и чоколадото.
Добро се меша додека да се растопи чоколадото, а потоа се филува кората од локум.
Се витка во ролат, се остава да отстои во фрижидер 2-3 часа за да се стегне и се сече на парчиња.