Ролат пита со спанаќ и сирење

Состојки
  1. 500гр. Готови кори за пита
  2. Потребно за премачкување на корите
  3. 500 мл. Газирана вода
  4. 25 гр. свеж квасец
  5. и ½ чаша брашно тип 400
  6. ½ чаша пченкарно брашно
  7. ½ филџан зејтин
  8. 1 лажица шеќер
  9. 1 мала лажичка сол
  10. 3 јајца
  11. За филот е потребно
  12. 200-300гр, Исчистен Спанаќ
  13. 300 гр. Сирење
  14. Наросување со сусам

Квасецот се става во 500 мл. Газирана млака вода да се растопи, па се додава солта, зејтинот, шеќерот и брашното. Во таа кашеста смеса се додаваат 3 јајца предходно измутени со жица за матење. Со оваа кашеста смеса се премачкуваат корите.
За филот најпрво се спрема спанаќот. Спанаќот се чисти, се мие и се сече. Се става врела вода врз спанаќот и да отстои околу 5 минути и се прецедува. Да подолади малку па се додава и сирењето иситнето и се заедно се измешува. Со тоа филот од сирењето и спанаќот е готов. Сол не додадов бидејќи сирењето беше доволно солено.
Се зема една кора, се премачкува со кашата. Врз неа се реди друга кора, па и таа се премачкува. Истото се повторува и со третата кора. Откако ќе се премачка третата кора, се реди филот од спанаќот и сирење и се витка во ролат. Па се става во намрсена тепсија. Постапката се повторува со сите кори.
Со кашата што ќе остане се премачкуваат ролатите одозгора и се поросуваат со сусам.
Вака подготвена ролат питата се остава да одстои 1 час, па потоа се пече 25-30 минути на 200 степени додека убаво да зарумени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.