150 г локум
150 г шеќер во прав
1 лажица маргарин
100 г чоколадо за готвење
100 г запечени сечкани лешници
Локумот и шеќерот во прав се месат со маргаринот и со сукалка се развлекува кора со дебелина од околу 1 см.
Чоколадото искршено на парчиња се топи на пареа и се меша со лешниците. Откако филот малку ќе се излади се премачкува кората од локум и се витка ролат. Се остава да се излади и се сече на парчиња по желба.