Рома објави нови детали за состојбата на Ендика

Еван Ендика колабира на мечот меѓу Удинезе и Рома, по што натпреварот беше прекинат, а фудбалерот заврши во болница, но сега пристигнуваат добри вести од Рим.

Првите тестови беа дека Ендика не добил срцев удар, туку почувствувал болка во градите по дуелот со Лоренцо Лука, па затоа денеска бил пуштен на домашно лекување.

Рома соопшти дека Ендика ќе оди на дополнителни прегледи во Рим каде што ќе биде утврдено колку долго ќе паузира од фудбалските терени.

Пронајдете не на следниве мрежи: