Роналдо двојно поскап од целата почетна постава на Борусија

Освен играчката супериорност Борусија Дортмунт во средата му покажа на Реал Мадрид и како може да се стигне до врвот без премногу пари. Имено само Кристиано Роналдо е повеќе од двојно поскап отколку целата почетна постава на Борусија.Реал Мадрид во 2009 година на Манчестер Јунајтед му плати 94 милиони евра за Кристиано Роналдо, додека првите 11-мина кои истрчаа во средата навечер на стадионот во Дортмунд и им го нанесоа еден од најтешките порази на „кралевите“ во Лигата на шампионите со 4:1 чинат само 49,5 милиони евра.Најскапиот играч којшто го купи Борусија Дортмунд беше Марко Ројс за кој во 2012 година на Борусија Менхендгладбах и’ плати 17 милиони евра. Меѓутоа и тој кариерата во младинските категории во Дортмунд. Повеќето играчи кои пристигнаа на стадионот „Вестфален“ чинеа до 5 милиони евра.Почетниот состав на Борусија кој чинеше, пред натпреварот, 40,5 милиони евра се спротистави на Реал Мадрид чии 11-мина чинат 313,5 милиони евра, односно речиси осум пати повеќе отколку германскиот клуб.Борусија – почетни 11 – 40,5 милиони евра: 1. Вејденфелер дојде во клубот во 2002 година, 2. Пишчек пристигна во 2010-та без отштета, 3. Суботиќ стигна во 2008 од Мајнц за 4,5 млн, 4. Хумелс стигна во 2009 од Баерн за 4,2 млн, 5. Шмелцер ја почна кариерата во Борусија, 6. Ѓундоган стигна во 2009 од Нинберег за 5,5 млн, 7. Свен Бендер стигна Минхен 1860 за 1,5 млн, 8. Блажиковски стигна во 2007 од Висла Краков за 3 млн, 9. Геце ја почна кариерата во Борусија, 10. Ројс стигна во 2012 од Борусија Менхенгладбах за 17 млн и 11. Левандовски стигна во 2010 од Лех Ползнањ за 4,8 милиони евра.Реал Мадрид – почетни 11 – 313,5 милиони евра: 1. Лопез стигна во јануари 2013 од Севиља за 35 млн, 2. Рамос стигна во 2005 од Севиља за 27 млн, 3. Пепе стигна во 2007 од Порто за 30 млн, 4. Варан стигна во 2011 од Ленс за 10 млн, 5. Коентрао стигна во 2011 од Бенфика за 30 млн, 6. Кедира стигна во 2010 од Штудгарт за 14 млн, 7. Чаби Алонсо стигна во 2009 од Ливерпул за 35 млн, 8. Озил стигна во 201 од Вердер за 18 млн, 9. Модриќ стигна во 2012 од Тотенхем за 30 млн, 10. Кристиано Роналдо стигна во 2009 од Манчестер Јунајтед за 94 млн и 11. Игуаин стигна во 2007 година од Ривер Плата за 12 милиони евра.
МакфаксОсвен играчката супериорност Борусија Дортмунт во средата му покажа на Реал Мадрид и како може да се стигне до врвот б

Пронајдете не на следниве мрежи: