Роналдо РАЗОРЕН – постигна четири гола во триумфот на Ал Наср

Во третиот меч во саудиското првенство во дресот на Ал Наср, еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, го покажа сиот свој квалитет и голгетерски инстинкт, откако ги постигна сите четири голови за својата екипа во вечерашниот триумф на гости кај Ал Вехда (4-0).

Ова воедно беше и прво гостинско славје за Португалецот во новата средина, до кое буквално сам го одведе својот тим до трите бода. Тој реализираше во 21. и 40. минута од првото полувреме, за потоа во 51. минута да погоди од пенал, а десет минути подоцна да го постави и конечниот резултат.

Пронајдете не на следниве мрежи: