четврток, 12 ноември 2026
Најново

Роналдо се јави од изолација: Ви пишувам како син, татко, човек…

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Една од најголемите светски фудбалски ѕвезди Кристијано Роналдо се наоѓа во карантин во Мадеира, поради тоа што неговиот соиграч Даниеле Ругани е позитивен на коронавирусот.
Роналдо како и многумината светски земји прати порака од изолација.


„Светот минува низ тешки моменти кои бараат грижа и внимание од сите нас. Денеска не ви пишувам како фудбалер, туку како син, татко, како човек кој е загрижен со она што се случува и влијае на целиот свет. Многу е важно да ги слушате советите на СЗО и владеачките структури како да се носите со ситуацијата. Заштитата на човечките животи мора да биде над сите други интерес. Моите мисли се со оние кои ги изгубиле своите најблиски, а исто така поддршка за оние кои се борат со вирусот, како што е мојот соиграч Ругани. Нормално, испраќам порака на вистинските професионалци кои се грижат за здравјето на другите луѓе, и така ги ризикуваат своите животи“, напиша Роналдо.

Поврзани вести