Роналдо ќе има кралски третман

Во исчекување на официлајната промоција за ангажманот на Кристијано Роналдо во саудиски Ал Наср, познати се деталите од најголемиот договор во историјата на фудбалот со кој Португалецот ќе има неверојатни 200 милиони евра заработка годишно и ќе потпише двегодишен договор.

Според тоа што протече како информации за ангажманот на Роналдо во Ал Наср, а тој веќе го мина првиот дел од лекарските прегледи, Португалецот ќе има основна плата од 75 милиони евра, а останатите 125 милиони евра ќе бидат приходи од најразлични бонуси и маркетиншки акции.

Инаку Роналдо ќе живее во најелитната населба во Ријад, Ал Мухамадијах, во невиден кралски луксуз и домаќините веќе му обезбедиле огромна вила во која ќе има сè што ќе посака, а во близина ќе му биде и стадионот на Ал Наср. Комплетното опкружување во населбата е перфектно и тоа е најелитниот дел во Ријад.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.