Ројтерс: Хамас се согласи на прекин на огнот во Газа!

Хамас се согласи со предлогот на американскиот специјален претставник Стив Виткоф за прекин на огнот во Газа, изјави во понеделник за Ројтерс палестински функционер близок до групата.

Новиот предлог, кој предвидува ослободување на 10 заложници и 70-дневен прекин на огнот, Хамас го доби преку посредници.

„Предлогот вклучува ослободување на 10 живи израелски заложници што ги држи Хамас во две групи во замена за 70-дневен прекин на огнот и делумно повлекување од Појасот Газа“, рече изворот. Предлогот, исто така, предвидува ослободување на бројни палестински затвореници, вклучувајќи стотици од оние кои издржуваат долги затворски казни. Израел сè уште не го коментираше предлогот.

Пронајдете не на следниве мрежи: