Рударските компании ги притиснаа европските берзи

Разочарувачките податоци за економскиот раст во Кина, најголемиот потрошувач на метали на светот, ги погоди во понеделникот водечките рударски компании, остро спуштајќи ги европските берзански индекси.Лондонски FTSE  се намали за 1,15 отсто на 6.310 поени, франкфуртски DAX беше во минус за 0,94 отсто на 7.671 поен, додека париски CAC падна  за 0,87 отсто и  изнесуваше 3.696 поени.Разочарувачкиот кинески економски раст во првиот овогодишен квартал ги загрижи денеска берзите, надоврзувајќи се на неочекувано слабиот податок за прометот во американската малопродажба во март, објавен во петокот.  Ова ги поттикна сомневањата во закрепнување на светската економија.Активностите на втората по големина економија на светот пораснаа во периодот јануари-март за 7,7 отсто, по 7,9-отстотниот раст во претходниот квартал. Аналитичарите очекуваа растот да изнесува осум отсто.Слабиот раст на најголемиот потрошувачка метали на светот најтешко го погоди секторот на основни ресурси, кои ги вклучува најголемите рударски компании, во просек ослабна за 4,3 отсто.„Суровините влегоа во територија на распродажба бидејќи инвеститорите стравуваат дека забавувањето во втората по големина светска економија ќе ја намали побарувачката за метали“, вели Шаваз Дхала, трговец во компанијата Spreadex.„Ги потврдуваме песимистичките прогнози за европскиот рударски и металуршки сектор, сметаме дека неговата вистинска вредност е за 10 до 15 отсто пониска од сегашната“, објави инвестиционата банка Siti.Зрак светлина внесоа активностите за спојување и аквизиции, па цените на акциите на германските комунални компании RWE и E.ON пораснаа откако австриската  енергетска групација OMV го кипи уделот на RWE во гасоводот Nabucco.  Тоа го поттикна целиот сектор на комуналните услуги, кој во просек зајакна за 0,3 отсто, дополнително поттикнат од побарувачката на инвеститори за акции во дефанзивниот сектор.
МакфаксРазочарувачките податоци за економскиот раст во Кина, најголемиот потрошувач на метали на светот, ги погоди во понедел

Пронајдете не на следниве мрежи: