Совршени колачи за љубителите на рум, кој лесно и брзо се спрема.
СОСТОЈКИ:
500 гр. мелени бисквити
50 гр. мелени ореви
250 гр. шеќер во прав
1 маргарин
3 лажици какао
1 лажица рум
50 гр. чоколадо
3 лажици масло
неколку вишни
ПОДГОТОВКА:
Се мешаат заедно мелените бисквити со шеќер во прав, рум и какао, па маргаринот кој ќе го растопите.
Се замесува и ако е потребно се додава млеко да се замеси убаво.
Се прават гнезда, а во средина се става вишна. Се топи и чоколадо со масло и се става врз вишните.
Се лади.