РУМ КОЦКИ

Идеа за брз вкусен десерт
4 јајца
200 г шеќер
80 г маргарин
200 мл млеко
250 г брашно
200 г сечкани ореви
1 лажица какао
1 прашок за печиво
ШЕРБЕТ:
400 г шеќер
400 мл вода
3 лажици рум
Сите состојки измешајте ги со лажица во длабок сад.

Ставете ја смесата во тркалезна тава бр 28 и израмнете ја со лажицата. Печете 30 минути на 200 степени и извадете од рерна. Изладете го колачот и исечете го на коцки по желба.Од водата, шеќерот и румот сварете го шербетот, изладете го и прелијте го колачот. Откако ќе го впие шербетот на колачот нанесете 150 г растопена чоколада за готвење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.