Русите во ќорсокак?

Директорот на американското разузнавање Аврил Хејнс тврди дека руските сили во Украина трошат муниција побрзо отколку што индустријата во земјата може да ја произведе.

„Русија доста брзо снемува муниција, што ја натера Москва да побара помош од други земји, вклучително и од Северна Кореја“, изјави Хејнс за NBC.

Како што рече таа, Соединетите Држави „видeеле одреден напредок“ во снабдувањето со муниција од Северна Кореја, „но тоа не е голема количина во оваа фаза“. Хејнс рече дека Иран и доставил на Русија беспилотни летала и дека Москва бара други вид прецизна муниција од Техеран, што би било „многу загрижувачко во однос на нивната способност“.

Според неа, претстојниот недостиг на муниција е само еден од многуте предизвици со кои се соочува руската армија, а таа ги наведе и проблемите со моралот и логистиката. Таа посочи дека темпото на војната во Украина се чини дека се намалува со почетокот на зимата и дека двете армии ќе се обидат да се ресетираат и да се прегрупираат за дополнителни борби на пролет. Зборувајќи за ефектите од руските напади врз енергетските капацитети на Украина и друга цивилна инфраструктура,

Хејнс рече дека целта на Москва е да ја разниша волјата на Украинците за отпор. Таа изрази мислење дека Русија се обидува да влијае на способноста на Украина да води војна и додаде дека економијата на Киев трпи тешки последици. Таа наведе дека најголем дел од борбите во моментов се водат во источна Украина, околу градот Бахмут и воопшто во регионот на Доњецк и дека темпото на борбите е намалено по повлекувањето на Русија од регионот Херсон минатиот месец.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.