Русите „од нафталин“ го извлекле оружјето што ја десеткувала украинската одбрана , тешко 1,5 тон!

Употребата на бомбите ФАБ било клучна за руското заземање на Авдиивка во февруари. За само 48 часа беа фрлени 250 бомби од по 1,5 тониНовото руско оружје го наруши балансот на фронтот во Украина. Руските сили почнаа да користат моќна бомба, која ја десеткувала украинската одбрана, јавува Си-Ен-Ен. Станува збор за модернизирана верзија на старата советска бомба FAB-1500, наведувана ракета која може да создаде кратер широк 15 метри.Проектил тежок 1,5 тони, од кој речиси половина е експлозивен, лансираат борбени авиони на оддалеченост од 60 до 70 километри, што е надвор од дострелот на украинската воздушна одбрана. Со овие бомби руските сили ги гаѓаа термоцентралите, фабриките и облакодери во Доњецк, како и местата од кои Украинците ја координираат одбраната, продолжувајќи со тактиката на уништување на територијата пред воената окупација.Фиксни целиFAB-1500 е насочен кон целта со помош на систем за наведување и шини. Еден војник од 46-та бригада на Украина, кој се бори во близина на Краснохоривка во Доњецк, изјави за Си-Ен-Ен дека Русите претходно само артилериски гаѓале кон нив. Сега почнаа поинтензивно да ги користат воздушните сили, особено ФАБ-1500. „Зошто користат FAB-1500? Бидејќи штетата што ја предизвикува е многу сериозна. Ако преживеете, гарантирано ќе имате контузија“, вели тој. Користењето на таква моќна бомба драматично ја менува ситуацијата на бојното поле. „Тоа врши голем притисок врз моралот на војниците. Не можат сите наши момци да го издржат тоа. Тие се повеќе или помалку навикнати на FAB-500, но FAB-1500 е пекол“, истакнува војникот.
Употребата на бомбите ФАБ беше клучен елемент во руската офанзива во регионот на Доњецк, особено во уништувањето на украинската одбрана во и околу Авдиивка, која падна во февруари. Пред и за време на битката за Авдиивка, стотици воздушни бомби беа лансирани во рок од неколку дена, 250 од нив беа употребени за само 48 часа, изјави за Си-Ен -Ен Јуриј Ихнат , портпарол на украинските воздухопловни сили.FAB-1500 е најмоќниот од семејството на „глупави бомби“ од советската ера кои сега се модернизираат во фабрика во близина на Москва во евтини, но моќни оружја. Најважно е што Русите имаат големо количество од овие бомби, како што вели британскиот експерт за оружје Џастин Бронк . Трансформацијата на советска бомба во нова наведувана ракета не е ниту евтина ниту брза, но сепак чини значително помалку од милион долари колку што чини една ракета, објаснува портпаролот на украинските воздухопловни сили. Со модернизирана верзија на ФАБ-1500, Русите добија моќно оружје со кое можат да дејствуваат на утврдените украински позиции, зголемувајќи ги украинските загуби, но сепак недоволно за суштински да ги промени односите на бојното поле, толкува американскиот Си-Ен-Ен.
Руските воени блогери почнаа да зборуваат за модернизирана советска бомба ФАБ-1500 минатиот септември, кога модернизираната верзија беше подложена на тестирање на точноста. Телеграмскиот канал Fighterbomber, близок до руската војска, објави дека „по многумесечни обиди и грешки“, FAB-1500 за прв пат прецизно ја погодил целта. Каналот Fighterbomber има речиси половина милион претплатници. Тој во септември објави дека модифицираниот FAB-1500 е прецизен до пет метри. Неколку недели подоцна, и украински и руски извори известија за употреба на тешки бомби во Керсон, во јужна Украина и Харков, на север.Во три смениВо јануари, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу беше снимен како ја обиколува големата воена фабрика АД која произведува тактички проектили во близина на Москва. Според видеото објавено од Министерството за одбрана, газдите во воената фабрика рекле дека развиле високопрецизно оружје, претворајќи стара бомба во нова, наведувана ракета. Директорот на фабриката гордо му пријавил на Шојгу дека продуктивноста е зголемена за 40 отсто затоа што се префрлиле на работа во три смени. Бидејќи модернизираната ракета не е многу точна, британскиот експерт за оружје Џастин Бронк истакнува дека може да се користи само против фиксни цели, но на истокот на Украина Русите ја знаат локацијата на украинските позиции.

Пронајдете не на следниве мрежи: