РУСИТЕ ПРИРЕДИЈА ШОК ВО Медитеранот! Бродови и подморници лансираа хиперсонични ракети, еве што се случува во Медитеранот (ВИДЕО)

Руски бродови изведоа вежби во Средоземното Море при што лансираа хиперсонични ракети, соопшти Министерството за одбрана.

  • Екипажите на фрегатите Адмирал флота на Советскиот Сојуз Горшков и Адмирал Головко, кои дејствуваа како дел од ударната група на руската морнарица, истрелаа хиперсонични ракети Циркон, додека дизел-електричната подморница Новоросијск лансираше крстосувачка ракета Калибр во море – се вели во соопштението.

Покрај тоа, екипажот на крајбрежниот ракетен систем Бастион лансираше крстаречка ракета Оникс од одредена област на брегот на Средоземното Море.

  • Посочените цели беа успешно погодени со директни удари – истакнаа од Министерството за одбрана.

Вежбите во Средоземното Море се одржаа од 1 до 3 декември под водство на врховниот командант на морнарицата адмирал Александар Мојсеев.

Групите на морнарицата и воздухопловните сили вежбаа заеднички акции.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.