РУСИТЕ СО РАКЕТИ ГО НАПАДНАА ДЊЕПАР: Меѓу загинатите во жестокиот напад има и трудница

Нападнат четвртиот по големина украински град

ДНЕПАР – Во руски ракетен напад врз Днепар, четвртиот по големина украински град, загинаа две лица, од кои едната била бремена жена.

РУСИТЕ СО РАКЕТИ ГО НАПАДНАА ДЊЕПАР: Меѓу загинатите во жестокиот напад има и трудница

Јулија Мандел, поранешната портпаролка на украинскиот претседател Володимир Зеленски, на Твитер напиша дека три лица се повредени во болница по денешниот ракетен напад.

„Никогаш нема да заборавиме, одмаздата ќе биде праведна и неизбежна“, додаде таа во твитот.

Руските сили продолжија со нападите и врз стратешките градови Бахмут и Авдивка во Донбас, а како што објави на „Телеграм“ гувернерот на Доњецк Павло Кириленко, едно лице е убиено во Бахмут.

Во текот на изминатиот ден, руските сили извршија пет ракетни напади, 30 воздушни напади и повеќе од 100 ракетни напади со повеќе цевки врз повеќе од 40 населени места низ Украина, објави украинскиот Генералштаб.

Прекршувајќи ги нормите на меѓународното хуманитарно право, законите и обичаите на војната, (непријателот) продолжува да ја напаѓа критичната инфраструктура и домовите на цивилното население“, соопшти Генералштабот, пренесе „Гардијан“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.