Русија во сабота ќе го прекине гасот на Финска

Протокот на руски гас кон соседна Финска ќе престане во сабота наутро, соопшти финскиот државен гасен оператор Гасум, цитиран од Ројтерс.

„Попладнето во петокот, 20 мај, Гаспром Експорт го информираше Гасум дека испораките на природен гас за Финска според договорот за снабдување ќе бидат прекинати во сабота, 21 мај во 02.00 часот“, се вели во соопштението.

Компанијата уверува дека е подготвена да продолжи со снабдување со гас за своите фински клиенти од други извори преку гасоводот Balticconnector, кој ги поврзува Финска и Естонија.

„Внимателно се подготвувавме за оваа ситуација и под услов да нема прекини во преносната мрежа на гас, ќе можеме да ги снабдуваме сите наши корисници со гас во наредните месеци“, рече Мика Вилјанен, извршен директор на компанијата.

Околу 70% од финскиот гас се увезува од Русија, но тоа е нешто повеќе од 5% од вкупната потрошувачка на енергија во земјата минатата година.

Финска одби да му плати на Гаспром според новите услови, во рубли, претходно оваа недела и предупреди дека очекува во наредните денови да објави дека ќе биде прекината испораката на гас.

На 14 мај, Русија, исто така, престана да испорачува струја на Финска со образложение за неплатените плаќања, но не беше јасно дали тие повторно се поврзани со валутата на отплата.

На почетокот на мај, Гаспром престана да испорачува природен гас според договорите со операторите во Бугарија и Полска поради нивното непочитување на новите услови за плаќање во руска валута.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.