Русија го бомбардираше Киев како одмазда за „Пајажина“, Зеленски бара меѓународен притисок за крај на војната

Русија активираше интензивен ракетен напад и напад со дронови врз Киев ноќеска откако претседателот на Русија Владимир Путин се завети дека ќе се одмазди за операцијата „Пајажина“ што претходно ја спроведе Украина длабоко на територијата на Русија погодувајќи воени бомбардери од рускиот арсенал. Украина истакна дека нападот го вршеле зашто стратешките бомбардери се користеле од страна на Русија за убивање цивили во Украина.

Володимир Зеленски претседател на Украина, рече дека Русија ноќеска извела повеќе од 400 напади со дрон и 40 напади со ракети врз Украина, повикувајќи ги сојузниците да извршат притисок врз Кремљ за крај на војната. Четири лица загинаа вклучително и работници од брзата помош во Киев.

Ако некој не создаде притисок и ако дозволи на војната да одземе уште животи, тие се соучесници и одговорни. Мора да реагираме одлучно, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Ракетните напади предизвикаа пожари во резидентни области на Киев, а погоден беше и воз па се затвори за работа метрото.

Ова е еден од најголемите координирани напади во последните 3 години од војната. Над 50 лица во Украина се повредени.

Пронајдете не на следниве мрежи: