Русија го откри точниот износ на резервите замрзнати од Западот

Последните санкции наметнати на Русија поради нејзината воена офанзива во Украина замрзнаа околу половина од златните и девизните резерви на земјата, изјави министерот за финансии Антон Силуанов.

„Имаме вкупна сума резерви од околу 640 милијарди долари, околу 300 милијарди долари резерви сега се во состојба во која не можеме да ги искористиме“, рече тој во интервју за државниот ТВ канал „Россија 1“ во неделата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.