Русија е подготвена за преговори! Кремљ ја поздрави поканата на Ватикан!

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Москва ги поздравува напорите на некои земји, вклучително и Ватикан, да помогнат во решавањето на ситуацијата во Украина, но дека таквите предлози не се можни поради позицијата на Киев.

Русија е подготвена за преговори! Кремљ ја поздрави поканата на Ватикан!

„Знаеме дека одреден број странски претставници и влади изразуваат подготвеност да обезбедат платформа за разговори. Несомнено ја поздравуваме таквата политичка волја. Но, во ситуацијата што сега ја имаме де факто и де јуре од страна на Украина, таквите платформи не можат да бидат реалност“, рече Песков, коментирајќи ја иницијативата на Ватикан за организирање преговори меѓу Украина и Русија.

Шефот на одделот за надворешна политика на Католичката црква, надбискупот Пол Ричард Галагер, вчера изјави дека Ватикан понудил да организира преговори меѓу Украина и Русија на нејзина територија.

Тој истакна дека Ватикан и папата секогаш биле отворени за преговори од почетокот на конфликтот, но дека cè уште не е добиен конкретен одговор, пренесоа украинските медиуми.

Пронајдете не на следниве мрежи: