Шефот на руската делегација за директни преговори со Украина, Владимир Медински, објави дека преговорите во Истанбул се завршени и дека Русија е подготвена да ги продолжи контактите.
„Руската делегација е задоволна од резултатите од разговорите со украинската страна“, рече Медински. Тој најави дека Русија и Украина ќе разменат по 1.000 затвореници во наредните денови. Тој додаде дека Москва и Киев се согласиле да ги презентираат своите ставови за прекинот на огнот.
„Русија и Украина се согласија да презентираат детални предлози за прекин на огнот“, рече тој. Медински, исто така, рече дека Киев побарал средба меѓу лидерите на двете земји и дека Русија го зела ова предвид.
„Откако ќе ги размениме плановите за прекин на огнот, Русија и Украина ќе продолжат со преговорите“, рече Медински.
Најважните руски изјави по разговорите меѓу Русија и Украина во Истанбул:
– Директните преговори со украинската страна се завршени, задоволни сме од резултатот;
– Подготвени сме да продолжиме со контактите;
– Во наредните денови, Русија и Украина ќе разменуваат затвореници во формат „илјада за илјада“;
– Украинската делегација побара директен разговор меѓу претседателот на Русија и Владимир Зеленски, а Русија го зеде предвид ова;
– Русија и Украина ќе ги презентираат своите ставови за потенцијално идно примирје.



