четврток, 12 ноември 2026
Најново

Русија: Постигнавме договор со Украина за евакуација од Курск

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Русија тврди дека постигнала договор со Украина и Црвениот крст за евакуација на жителите од областа Курск во западна Русија, чии делови се окупирани од Украина.Луѓето кои моментално се наоѓаат во регионот Суми во Украина, избегајќи од борбите во Курск, може да бидат префрлени преку соседна Белорусија, а потоа во Русија. Црвениот крст потврди само дека дава поддршка за евакуираните цивили во регионот Шуми, но не потврди дека постои никаков договор. Висок руски генерал минатата недела изјави дека руските сили зазеле повеќе од 800 квадратни километри територија од Украина во областа Курск, што претставува околу 64% од вкупната територија што Украина ја зазеде откако Киев започна ненадејна офанзива минатото лето.

Поврзани вести