четврток, 12 ноември 2026
Најново

Шојгу: Русија станува сè посилна!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Русија значително го зголеми производството на високопрецизно оружје, изјави денес рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Говорејќи на состанокот со воените началници во седиштето на Здружената група на сили во Москва, Шојгу рече дека извршил увид во спроведувањето на наредбата за државна одбрана од одбранбената индустрија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Сето ова овозможува извршување на задачите поставени од врховниот командант (претседателот Владимир Путин) во согласност со планот за спроведување на специјалната воена операција“, истакна тој.

Шојгу слушаше и рапорти за обезбедување муниција на руската армија во Украина, истакнувајќи дека ова прашање е под постојана контрола на Министерството.

Воените началници разговараа и за тоа како да се подобри логистиката за снабдување на руските вооружени сили.

Поврзани вести