Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во саботата соопшти дека спречила заговор на Украина за убиство на висок руски офицер и проруски воен блогер со бомба скриена во пренослив звучник.
ФСБ, главниот наследник на КГБ од советско време, рече дека руски државјанин остварил контакт со офицер на украинската воена разузнавачка агенција ГУР преку апликацијата за пораки Телеграм.
По инструкции на украински разузнавач, руски државјанин потоа ја извадил бомбата од кеш во Москва. Бомбата била скриена во пренослив музички звучник, соопшти ФСБ.
ФСБ не го именуваше офицерот или блогерот кој беше цел на заговорот. Украинската воена разузнавачка агенција ГУР не беше веднаш достапна за коментар.
Украина вели дека руската војна против неа претставува егзистенцијална закана за украинската држава и јасно стави до знаење дека ги смета целните убиства – наменети да го ослабат моралот и да ги казнат оние што Киев ги смета за виновни за воени злосторства – се легитимни.
Русија соопшти дека тие се еднакви на нелегални „терористички акти“ и ја обвинува Украина за убиства на цивили како Дарја Дугина, ќерка на националистички идеолог, во 2022 година.
На 17 декември, украинската разузнавачка служба СБУ го уби генерал-полковник Кирилов, шеф на руските сили за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана, во Москва пред неговата станбена зграда со активирање на бомба закачена на електричен скутер. Киев го обвини дека промовира употреба на забрането хемиско оружје, што Москва го негира.
Претставникот на Доналд Трамп во Украина, пензионираниот генерал-полковник Кит Келог, на 18 декември изјави за Фокс њуз дека таквите убиства „не се многу паметни“ и дека „одат малку предалеку“.
Русија соопшти дека ќе се одмазди за убиството на Кирилов.