Русија успешно го „реинкарнираше“ најмоќното артилериско оружје од времето на СССР (ВИДЕО)

„Тоа се скапи ‘играчки’ кои исклучиво се користат кога се бара прецизен погодок. Оваа муниција главно се користи за време на гаѓањето на непријателските командни места, магацини со вооружување и други цели кои имаат големо значење. Во специјални ситуации, кога нашата команда знае каде точно се наоѓаат целите од висок приоритет може да се употреби муниција со тактички нуклеарни боеви глави кои успешно можат да уништат високозаштитен објект кој се наоѓа под земја“, истакнува Сафонов.

Кога и зошто е создаден тешкиот артилериски систем „Пион“?

Според главниот уредник на списанието „Арсенал Отечества“ Виктор Мураховски, Русија решила да ги „реинкарнира“ овие челични „грдотии“ во екот на најтешката економска криза по неодамнешната промена во американската воена доктрина која предвидува Вашингтон да може да употреби нуклеарни боеви глави со „мала сила“ во идните воени конфликти.

„Проектилите со ‘мала сила’ се всушност синоним за тактичко нуклеарно оружје. Овој вид воена технологија е развиена кон средината на 20 век. Меѓутоа, по воведните тестирања од неа се откажале, зашто муницијата имала погубен ефект не само врз непријателот, ами и врз оној што ја употребува. Денес ситуацијата е сменета. Вашингтон им дозволи на своите единици ваквиот вид вооружување да ги применува во своите операции. Русија на оваа промена изреагира со „реинкарнација“ на тешкото оружје кое и за време на конструирањето е замислено како проект за „тактичко нуклеарно одвраќање“, заклучува Мураховски.

Според рускиот воен експерт, САД имаат оружје кое е аналогно на рускиот „Пион“. Станува збор за оружјето М-65, познато како „Атомската Ени“, каде по неговото појавување СССР успеа да конструира оружје кое во полн капацитет ќе одговара на неговата ударна моќ на фронтот.

„Интересно е да се спомене дека овие два артилериски системи никогаш не биле употребени на бојното поле. Една деценија откако е конструиран и ставен во вооружувањето, „Пион“ е вратен во воените магацини каде „чмаеше“ цели 20 години, сè дури не беше донесена одлука за негова модернизација и враќање во оперативниот состав во согласност со идните закани“, потсетува Мураховски.

До крајот на Советската ера воената индустрија за потребите на армијата произведе речиси 500 единици тешко артилериско оружје „Пион“. Постои техничка можност сите 500 оружја во следните неколку години да се подигнат на современи стандарди (2С7М „Малка“ – заб. прев.) и во полн капацитет да се вратат во единиците на руската армија.

На модернизираното самоодно оружје 2С7М „Малка“ заменета е трансмисијата, механизмот за дистрибуција на сила и напонскиот агрегат. Покрај тоа, во целост е заменета опремата која се наоѓа на оружјето. Инженерите од компанијата „Уралтрансмаш“ интегрираа современа опрема за комуникација меѓу екипажот, опрема за прием и за обработка на податоци, радиостаница, задолжителен комплекс системи за противнуклеарна заштита и комплекс за надзор.

Извор: Русија бијонд

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.