Русија ја спушта рампата кон овие земји од НАТО: Неочекуван потег од Москва, одлуката стапи на сила денес
Како што е наведено во соопштението на руската влада, од 1 јули привремено ќе биде суспендиран преминот на луѓе, возила, стоки и пратки преку одредени железнички премини на границите со овие три земји , пренесува „Спутник“.
Меѓу премините што ќе бидат затворени се железничките станици Санкт Петербург – Фински и Виборг, како и Вјарчила, Љута и Светогорск на границата со Финска.
На границата со Естонија ќе биде затворен преминот Печори-Псковски, додека на границата со Латвија сообраќајот ќе биде прекинат преку преминот Питалово во Псковската област.
Руското Министерство за надворешни работи беше задолжено да ги информира властите на Финска, Естонија и Латвија за оваа одлука, а одлуката стапува на сила денес, 1 јули.
The post Русија ја спушта рампата кон овие земји од НАТО: Неочекуван потег од Москва, одлуката стапи на сила денес appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



