Руската ракета Сојуз го однесе во вселената „Ноевиот брод“

Руската ракета Сојуз однесе во петок во вселената глувци, гуштери и полжави, кои во орбитата ќе останат еден месец за научни цели, а овие истражувања би требало да помогнат при лансирањето на човекот на Марс.Ракетата Сојуз полетала напладне по средноевропско време од космодромот Бајконур во Казахстан, потврди Руската вселенска агенција Рискосмос.„Тоа е вистински Ноев брод“, јави руската државна телевизија, информирајќи запроектот на Институтот за биомедицински истражувања во Москва.Во вселенскиот брод Бион-М, автоматски биосателит, има 45 глувци, осум монголски гербили, 15 гуштери, 20 полжави и повеќе други живи организми.Со вој лет, по повеќе децении застој, се обновуват физиолошките истражувања врз животни во вселената.Сите животни се во посебен оддел и под постојан надзор. Во орбитата ќе бидат еден месец и ќе се врата на Земјата на 18 мај, кога научниците на нив ќе ги изпитуваат последиците од престојот во вселената.„Треба да се утврди во која мерка нашиот организам се прилагодува на условите на бестежинската состојба и да утврдат што е потребно за преживување за време на долгите летови“, вели директорот на Рускиот вселенски центар Валериј Абрашкин.Испитувањата треба да помогнат во разбирањето на механизмите кои управуваат со промените во кардиоваскуларниот систем и микрогравитацијата. Заради тоа, научниците во пет глувци вградиле сензори кои постојано го мерат крвниот притисок и срцевиот ритам, пред, за вре,е и по летот.Во вселената се испратени и икри, микроорганизми, семки, како и растенија, за да се открие влијанието на бестежинската состојба врз нив.Бродот Бион-М треба на 18 мај да се спушти во рускиот регион Оренбург на Урал, како капсулата со која се враќаат астронаутите од Меѓународната вселенска станица.Порано леталата во вселената носеа мајмуни, потсетува руската телевизија на искуствата со кои се подготвуваше испраќање на првиот човечки екипаж во вселената. Првото животно кое тогашниот Советски сојуз го лансираше во вселената беше кучето Лајка во 1957 година, а во 1961 година во вселената полета првиот човек, Јуриј Гагарин.Лајка умре по само неколку часа поминати во вселената.Руската ракета Сојуз однесе во петок во вселената глувци, гуштери и полжави, кои во орбитата ќе останат еден месец за

Пронајдете не на следниве мрежи: