Руска докторка предупредува: „Ваквата кожа на лактите може да биде знак за сериозна болест“

Мислите дека сувата кожа на лактот е нормална појава на кожата? Всушност една руска докторка открива дека сувата кожа на тоа место може да биде знак за сериозно заболување.
Докторка и дерматолог – Ирина Скоргудаева, предупредува дека кожата треба да ја хидрирате на сите делови од телото. Причината за сушење на некои делови од кожата може да биде знак за создавање слој на мртви клетки на кожата кои што ги нарекуваме „грозен слој“. Ова е вообичаена карактеристика на лицата кои што долго време работат на компјутер.
Од друга страна, сувата кожа може да биде и знак за предупредување за состојба за алергија на некаква храна, атописки дерматитис или пак вазомоторен ринитис.
Испуканата кожа на овие делови од рацете предупредува и на недостаток на витамините А, Б и Д. Причината за недостаток на овие витамини во телото веднаш е воочлива на кожата, а доколку го имате овој проблем тогаш овие витамини не се апсорбираат како што треба во вашиот систем за варење.
Сувата кожа на лактите може да укажува и на појава на псоријаза, но и на дијабетес.
Псоријазата најчесто се појавува на лактите и колената и се појавува во облик на црвени дамки.
Од друга страна инфекцијата на лактите е прв знак за дијабетес затоа што бактериите и габите од инфекциите кои што ја сушат кожата често се нуспојави за дијабетес.
Сувата кожа може да биде и аларм за проблеми со жлездите. Штитната жлезда лачи хормон кој што ги одржува клетките во телото на едно место. Кога ќе се намали нивото на лачење на овој хормон (хипотиреоза), сè се успорува.
Може да се појави депресија и умор. Тироидните хормони имаат рецептори во кожата и имаат улога да обезбедат нови клетки кои што ќе ги заменат оние кои што постојано се губат, а со самото тоа и кожата станува посува и порапава.
Дерматологот Ирина советува дека најдобро е да посетите доктор доколку почувствувате голема сувост на лактите, чешање и голема непријатност во тој дел од кожата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.