четврток, 12 ноември 2026
Најново

Рускиот амбасадор во САД повикан во Стејт департментот по инцидентот над Црното Море

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс изјави дека амбасадорот на Русија во САД, Анатолиј Антонов денеска е повикан во Стејт департментот по инцидентот со американскиот дрон кој се урна во Црното Море.

„Го повикавме рускиот амбасадор, очекуваме состанок подоцна денеска“, рече тој.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Додаде дека САД директно комуницираат со руската страна на високо ниво за да го пренесат својот став во врска со инцидентот.

Европската команда на американските вооружени сили соопшти претходно денеска дека американски дрон MQ-9 се урна во Црното Море по судир со руски борбен авион Су-27 во меѓународниот воздушен простор над Црното Море. 

Поврзани вести