Рускиот Луноход се јави од Месечината по 40 години

Луноход 1 – советскиот интерпланетарен уред кој слетал на површината на Месечината во 1970 година и за кој се веруваше дека е уништен или расипан, повторно се јави по 40 години.Во свое време, советските инженери поставија уред или аголен праќач, кој е предаден на нивите француски колеги.Овој едноставен уред има задача да го одбие зракот пратен до него, но за разлика од огледалото тој го враќа зракот од каде што дошол.Така, задачата била формулирана едноставно: требало да се осветли Луноходот (англиски: Moonwalker) со ласер и да се фати неговиот одраз.Во пракса тоа е малку посложено, затоа што да се најде и да се погоди со ласер Луноходот на Месечината од Земјата е исто како да се погоди паричка оддалечена со километри.Но, на Французите тоа им успеа. За две и пол секунди слабиот инпулсен зрак е вратен на Земјата, истакнуваат научниците.Иако, Месечината секогаш е свртена кон Земјата со истата страна, видливата страна сепак се врти малку и назад, како да се клати. Тој процес се нарекува либрација.Бидејќи Луноход стои на работ меѓу видливата и страната што не се гледа ќе даде најмногу податоци за оваа појава.Местото каде слетал Луноход долго не било познато точно, затоа што телескопите од Земјата не можеле да го видат, но во 2010 година забележан е на снимките на американскиот месечев сателит.Американците ги утврдиле неговите координати и успеале да го осветлат со ласер.Тоа прв пат се случило во 1971 година, а од тогаш е изгубена врската со Луноход и советскиот команден центар.Сигналот од апаратот е многу појак од другите кои ги поставиле посадите на Аполо. Научниците веруваат дека по 40 години тишина советскиот уред ќе може многу да раскаже за Месечината.
МакфаксЛуноход 1 – советскиот интерпланетарен уред кој слетал на површината на Месечината во 1970 година и за кој се ве

Пронајдете не на следниве мрежи: