РУСКИТЕ ВЛАСТИ ОБЈАВИЈА ДЕКА ГО ОГРАНИЧИЛЕ ПРИСТАПОТ ДО ВЕБ-СТРАНИЦАТА НА ГЕРМАНСКИ ВЕЛТ

По барање на Генералното обвинителство на Руската Федерација, државната агенција Роскомнадзор го ограничи пристапот до веб-страницата на германската компанија „Велт“.

Пристапот до веб-страницата www.welt.de во Русија е ограничен според регулативата за блокирање сајтови што содржат повици за масовни немири, екстремизам и учество во нелегални масовни настани. Роскомнадзор го ограничува пристапот до таквите информации врз основа на барање на јавниот обвинител на Русија или неговиот заменик.

Дневниот весник „Велт“ кој го издава германскиот медиумски гигант „Аксел Шпрингер“ е основан во 1946 година. Неговиот тираж е над 250.000 примероци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.