Руските сили ја презедоа контролата врз областа околу украинската нуклеарна централа Запорожје, според шефот на нуклеарното набљудување на ОН, Рафаел Гроси.

Нуклеарната централа Запорожје е најголемата електрана во Европа и има шест од вкупно 15 реактори за нуклеарна енергија во Украина, се вели во соопштението.
Во изјавата, Гроси рече дека руските дипломати во Виена ја информирале Меѓународната агенција за атомска енергија дека персоналот ја продолжил својата работа и дека нивото на радијација „останува нормално“.
Официјален Киев претходно изјави дека Русија ризикува да создаде „нов Чернобил“ доколку продолжи со напад на нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина.



