Постојаниот претставник на Русија во меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов, по повод доаѓањето на поранешниот сириски претседател Башар Асад во Москва изјави дека Русија не ги издава пријателите во тешки ситуации.
„Башар Асад и неговата сопруга се во Москва. Русија не ги издава пријателите во тешки ситуации. Ова е разликата меѓу Русија и САД“, напиша Улјанов на Телеграм.
Претходно претставници на вооружената опозиција во Сирија зборуваа на државната телевизија тврдејќи дека воспоставиле контрола над земјата. Сирискиот премиер Мухамед Гази ал Џалали рече дека останува во земјата, заедно со неколку министри и дека не знае каде е министерот за одбрана. Тој рече и дека воспоставил контакт со раководството на вооружената опозиција.
Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека сирискиот претседател Башар Асад по преговори со голем број учесници во сирискиот конфликт одлучил да поднесе оставка од функцијата и ја напуштил Сирија, давајќи инструкции за мирен трансфер на власта.
Како што претходно изјави за Спутник извор од Кремљ, Асад со семејството пристигнал во Москва. Русија им даде азил од хуманитарни причини. Руските власти се во контакт со претставници на вооружената сириска опозиција, чии лидери ја гарантираат безбедноста на воените бази и дипломатските институции на Русија на територијата на Сирија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.