Ручек за вистински гурмани: Лигњи со зеленчук

Потребни состојки:
1 зелена пиперка
1 црвена пиперка
1 тиквичка
1 главица кромид
200 гр лигњи
Половина лимон
1-2 чешниња лук
Маслиново масло
Зачин
Соја сос
Сол

Начин на подготовка:
Исечете го зеленчукот, зачинете го по вкус и пржете го на маслиново масло околу 10-12 минути. Извадете го зеленчукот и во истата тава додајте ги и лигњите. Додајте соја сос и зачин. Пржете околу 10 минути. Направете го сосот за лигњи со магдонос и лук, исцедете половина лимон – соединете ги состојките, додајте маслиново масло и малку сол.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.