Соопштение за јавноста 11.10.2021
Од Јовица Страшевски член на ВМРО ДПМНЕ
Р Е В О Л У Ц И Ј А
Убав Октомвриски ден, 11-ти ОКТОМВРИ ден историски, ден незаборавенза МАКЕДОНИЈА.
БРАЌА И СЕСТРИ Македонци,албанци, турци, роми, срби, власи и останати, браќа и сестри правoославни христијани, католици, муслимани, Македонија не повикува сите на единство без разлика на нашата верска , етничка, или политичка припадност во одбрана на татковината и спречување на целосно економско, социјално и национално уништување.
Едноумието и неможноста да се трпи било каква критика не води кон никаков прогрес туку кон една состојба на отсуство на демократија.
Отсуството на демократија во партиите повлекува и отсуство на демократија во државата.
Единствено ослободени од минатото и освежени со надеж, можеме да ја живееме сегашноста и да размислуваме за иднината.
Со сите глупости и ненадоместливи штети кои оваа ненародна влада на СДСМ ги направи на Република Македонија, власт на СДСМ каде што цвета семејниот бизнис на ЗАЕВИ, шверцот, а особено шверцот со дрога, нелегални бизниси, понижување на се што е МАКЕДОНСКО БИБЛИСКО ИСТОРИСКО, само победа на овие локални избори не е и не треба да е императив и цел на ВМРО ДПМНЕ, целта треба да е РЕВОЛУЦИЈА за конечно ослободување и целосен пораз на оваа приватна – семејна држава на оваа ненародна власт на СДСМ предводена од семејството Заеви.
На овој светол ден за МАКЕДОНИЈА го повикувам Христијан Мицкоски како Претседател на ВМРО ДПМНЕ да не чека туку веднаш денес без двоумење без одлагање НА ОВОЈ СВЕТОЛ ДЕН да тргне во РЕВОЛУЦИЈА со сите демократски средства, масовност, бојкот,непослушност,непокор, во едно историско обединување не само внатрепартиско туку и сенационално обединување против СДСМ само така ќе покаже лидерство и ќе ја зачува моќта на ВМРО ДПМНЕ како најголема и најмоќна партија.
Христијан Мицкоски мора да вети и исполни, јавно да потпише декларација веднаш со цела наша коалиција на ВМРО ДПМНЕ со сите коалициони партии дека:
1.Нема да ги изгубиме овие локални избори 2021;
- Дека ќе победиме во град СКОПЈЕ и во повеќето од поголемите градови – општини во Македонија;
- Дека нема да имаме ни еден глас помалку на листите за советници на овие локални избори 2021 од СДСМ и нивната коалиција.
ИСТОРИСКА МОЖНОСТ ЗА РУШЕЊЕ НА ОВАА СЕМЕЈНА ПРИВАТНА ВЛАСТ.
На ВМРО ДПМНЕ не и треба митинзи и протести со десетици членови на партиски собири, ВМРО ДПМНЕ мора да повика на Револуција за одбранаод целосно економско, социјално и национално уништување на Македонија.
По повикот за РЕВОЛУЦИЈА, ВМРО ДПМНЕ од денес е повторно на нозе во одбрана од целосно економско, социјално и национално уништување на Македонија.Од денес нема никој да дозволиме да го разнебитува МАКЕДОНСКОТО, НАЦИОНАЛНОТО, БИБЛИСКОТО, од денес нема назад, од денес ВМРО ДПМНЕ мора да биде посилно обединето до конечна победа.
Подаваме рака за обединување, заедничко делување до конечна победа на овие локални избори 2021,ИЦЕЛОСНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ОД ОВАА ОДНАРОДЕНА ВЛАСТ.
ПОСЛЕ СЕТО ОВА НЕМА НАЗАД , НЕМА ДА ПРИФАТИМЕ РАЗНОРАЗНИ ИЗГОВОРИ КАКО ДО СЕГА,ОВА Е НЕПОВТОРЛИВА ШАНСА ЗА МАКЕДОНИЈА ЗА ВМРО ДПМНЕ.
ДОКОЛКУ СЕТО ОВА НЕ СЕ СЛУЧИ И НА 17.10.2021 НЕМА ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНИЈА НА ВМРО ДПМНЕ, ЌЕ БАРАМЕ ПОЛИТИЧКА И ИСТОРИСКА ОДГОВОРНОСТ ОД Христијан Мицкоски и целото раководство на ВМРО ДПМНЕ.
ВЕЧНА ДА Е МАКЕДОНИЈА.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.