САД вниметелно го набљудуваат случајот со корупцијата во Европскиот парламент

САД вниметелно го следат случајот со истрагата за корупција во Европскиот парламент, соопшти Стејт департментот.

На прашање од новинар кој е коментарот на САД за скандалот во кој европски парламентарци примале илјадници евра мито од Катар, портпаролот Нед Прајс изјави дека САД внимателно го набљудуваат случајот.

-Внимателно го следиме развојот со истрагата за корупција кај сегашни и поранешни официјални лица на ЕУ. Ќе продолжиме да набљудуваме како ова се одвива, но за коментар треба да се обратите во Белгија и во ЕУ, изјави тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.