Соединетите американски држави испратија борбени авиони од типот F-22 во Јужна Кореја во неделата, за да се придружат на воените вежби, при што ја истакнаа својата посветеност да го бранат Сеул во време кога се интензивираат заканите за војна со Северна Кореја.Напредните ловечки авиони F-22 се распоредени во воздухопловната база Осин, главна американска база во Јужна Кореја.Американската воена команда во Јужна Кореја, во недела го повика северот да престане со закани.„Северна Кореја нема ништо да постигне со закани и со провокација, а тие само дополнително ќе ја изолираат таа земја и ќе ги поткопаат меѓународните напори да се осигура мир и стабилност во североисточна Азија“, се наведува во соопштението на американските сили во Јужна Кореја, пренесе Reuters.Белата куќа, исто така, соопшти дека сериозно ги сфаќа заканите за војна, но спомна и дека Пјонгјанг има долга историја на вакво подбуцнувачко однесување и воени изјави.Во соопштението стои и дека САД ќе ја пружи сета можна помош на своите сојузници во Јужна Кореја.За мир во светот, вчера се молеше и папата Франциск, велејќи дека несогласувањата и судирите треба да се надминат со мирни решенија и да се обнови духот на помирување.
МакфаксСоединетите американски држави испратија борбени авиони од типот F-22 во Јужна Кореја во неделата, за да се придружат