САД испратија делегација во Тајван поради страв од „инвазија“.

Патувањето на поранешните претставници на Пентагон и националната безбедност е знак на поддршка за островот за кој претензии има Пекинг.

Американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот испрати група поранешни воени лица и претставници на националната безбедност во Тајван, каде што ќе се сретнат со официјални претставници, вклучително и со претседателот Цаи Инг-вен. Патувањето доаѓа во услови на загриженост во САД дека Пекинг може да биде наведен да го нападне островот, со оглед на односот на САД кон состојбата во Украина.

Посетата првично беше објавена од Ројтерс, а набргу потоа потврдена од тајвански дипломати. Амбасадата на Тајван во САД соопшти дека патувањето е „знак дека односите меѓу Тајпеј и Вашингтон остануваат „цврсти“!

Предводена од поранешниот претседател на Здружениот генералштаб Мајк Мулен, делегацијата ги вклучува Меган О’Саливан, поранешен заменик советник за национална безбедност во администрацијата на Џорџ В. Буш и Мишел Флурној, поранешен заменик-секретар за одбрана на Барак Обама. Со групата патувале и поранешните претставници на Советот за национална безбедност, Мајк Грин и Еван Медеирос.

Се очекува тимот да пристигне во Тајпеј во вторник, а во среда да се сретне со претседателот Цаи.

Слично патување се случи под водство на Бајден минатиот април, кога група поранешни пратеници и дипломати отпатуваа во Тајван за да го уверат Тајпеј дека Вашингтон ќе ја поддржи одбраната на островската држава. Додека владата во Пекинг инсистира на тоа дека Тајван ѝ припаѓа на Кина, САД неофицијално ја поддржаа тајванската независност, снабдувајќи му оружје на Тајпеј.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.